Дома Фудбал Седлоски: Нема пријателски натпревари, одиме на победа против БиХ во Сараево!

Седлоски: Нема пријателски натпревари, одиме на победа против БиХ во Сараево!

Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски кажа дека неговиот тим има јасна задача на пријателскиот натпревар против БиХ, а тоа е победа нас ривалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сакаме да се докажеме и тимски и резултатски. Најважно е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што можеме. Ќе дадеме максимум, а нека победи подобриот. Ние сме фокусирани на нашата игра и на тоа како ќе ги одиграме овие 90 минути, но и Босна сигурно има мотив да се покаже во добро светло пред своите навивачи. На Босна и Херцеговина ѝ посакувам успех на Светското првенство. Заслужуваат честитки, ја елиминираа Италија, исто како што и ние тоа го направивме во претходниот бараж. Но, сега следуваат нови предизвици и постојано мора да се докажуваме. За нас нема пријателски натпревари. Секогаш излегуваме на терен со желба да се претставиме во вистинско светло и да победиме. Сакам на најдобар можен начин да се подготвиме за Лигата на нациите. Се надевам дека ќе бидеме поефикасни во нападот. Играме против силни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Ќе се обидеме да постигнеме голови, но многу ќе зависи и од противникот. Мора да бидеме компактни. Играчите се подготвени и задоволен сум од тоа како работевме во изминатите денови. Новите фудбалери донесоа свежина во тимот, а добро беа прифатени и од останатите репрезентативци. Повикав повеќе нови играчи и сите ќе добијат шанса да се докажат. Дел од нив ќе стартуваат и на утрешниот натпревар. Елези играше добро во Сараево и заслужено е на списокот. Имаме два натпревари и сигурно ќе добие минутажа. Не е само тој новитет во споредба со мартовскиот циклус. Повикавме играчи и од домашното првенство и од странски лиги. Верувам дека имаат квалитет за националниот тим. Имам неколку варијанти за замена на повредениот Барди, а конечната одлука ќе ја донесам по денешниот тренинг“, вели Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европјаните ќе го бојкотираат Светското првенство?!

Дали ФИФА има план да фрли „нуклеарна бомба“ врз фудбалот, како што наведоа во британскиот…