
Цел Бразил беше во екстаза кога Карло Анчелоти реши да го повика Нејмар за претстојниот Мундијал. Но, здравствената состојба на некогашниот врвен фудбалер не е најдобра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе со години се бори со повреди, што би можело да влијае на неговото учество на овогодинешното првенство.
Фудбалската федерација на Бразил потврди дека Нејмар не учествувал на првиот тренинг на националниот тим поради повреда на листот на десната нога. Наместо тоа, тој бил во приватна клиника, со надеж брзо да ја санира повредата и да биде подготвен за стартот на Мундијалот.
Не е исклучено можноста Анчелоти да размислува да повика некој друг доколку Нејмар не закрепне навреме. Но, тоа би било големо разочарување за бразилските фанови кои со ентузијазам го поздравија неговото враќање на списокот, особено поради славната кариера во Барселона и ПСЖ.
Анчелоти нема да може да се потпре на двојката од Арсенал за натпреварот со Панама во недела, бидејќи тие учествуваат во финалето на Лигата на шампионите.