Дома Останати Тенис Пекол за Синер во Париз, изгуби 18 поени во низа: Не можам, ќе повратам…(Видео)

Пекол за Синер во Париз, изгуби 18 поени во низа: Не можам, ќе повратам…(Видео)

Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер, се најде во вистинска драма за време на натпреварот од второто коло на Ролан Гарос, кога доживеа ненадејна криза. Италијанецот убедливо водеше против Хуан Мануел Сурундоло со 2:0 во сетови и 5:1 во третиот, но потоа нагло почна да губи енергија. Загуби дури 15 поени по ред, дозволувајќи му на противникот да стигне до резултат од 5:4 и три можности за брејк.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Синер едвај се движеше по теренот, а во еден миг се приближи до работ на игралиштето, очигледно страдајќи од грчеви. Судијката Аурели Туерт се симна од своето место за да види што се случува. „Не ми е добро, како да ќе повратам“, се слушна како ѝ вели Синер, и потоа седна на клупата. Веднаш пристигна и физиотерапевт кој заедно со Италијанецот го напушти теренот.

Уште пред да почне да сервира за победа при резултатот 5:4, камерите го уловија како за време на паузата ги трие бедрата. Проблемите се влошија веднаш по продолжението на играта. Синер едвај трчаше по топчињата, а додека се соочуваше со три брејк топки, седна на рекламните паноа покрај теренот. Покрај судијката, на теренот беше и супервизорот Начо Форкадел. По заминувањето со физиотерапевтот, Туерт го информираше Сурундоло дека чекаат проценка за неговата состојба.

Синер се врати на теренот по десетина минути. „Имаше пауза од 10 минути меѓу поените, Синер имаше толку време за да се обиде да ја поврати силата. Му го измерија и крвниот притисок. Некако се држи“, прокоментира коментаторот на ТНТ Спортс, Ник Мулинс.

„Мислам дека Синер е овде на работ. Гледаше кон својот тим, се наведнуваше во колковите. Прашање е дали мисли дека ова е привремен проблем, затоа што дури и да го загуби овој сет, има доволно време за победа. Но, ако проблемот е со подолгорочна природа…“

Веднаш по продолжението на натпреварот, Сурундоло му го одзеде сервисот и ја продолжи серијата на 18 освоени поени по ред пред Синер конечно да ја прекине низата. Сепак, 24-годишникот и натаму не можеше нормално да се движи, едвај стигнуваше до топчињата додека неговиот тим загрижено го следеше од трибините.

Аргентинецот направи уште еден брејк и го освои третиот сет со 7:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Meга сензација на Ролан Гарос: Синер елиминиран од Аргентинец!

Првиот светски тенисер Јаник Синер денес беше спречен во второто коло на Ролан Гарос, раск…