
Ролан Гарос го објави распоредот за мечевите во петок, кога повторно ќе игра Новак Ѓоковиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот тенисер кој во претходното коло настапи нешто порано, сега ќе игра во попладневниот термин.
Ѓоковиќ против Бразилецот Жоао Фонсека ќе настапи како трет натпревар за денот на централниот терен Филип Шатрије.
Тоа соочување нема да започне пред 15:30 часот по наше време.
Програмата на “Шатрије” ќе ја отворат Полјаките Магна Линет и Ига Швјонтек во 12 часот, по што на теренот излегуваат Русинката Мира Андреева и Чешката Мари Бузкова.
Во вечерниот термин (20:15) на централната сцена ќе играат домашниот фаворит Квентан Халис и вториот носител Александар Зверев.