Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Нико Шлотербек, пренесува „Билд“.
Познато е дека Реал Мадрид е во потрага по квалитетен дефанзивец, а најновото име на списокот на „кралевите“ е токму Шлотербек.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шлотербек одигра фантастична сезона со Борусија Дортмунд, а и на Европското првенство беше еден од најдобрите.
24-годишниот Германец има договор со Дортмунд до 2027 година, а Реал е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.