Дома Трансфер зона Реал Мадрид заинтересиран за новата шпанска ѕвезда

Реал Мадрид заинтересиран за новата шпанска ѕвезда

1

Фудбалерот кој оваа сезона ги импресионираше сите со своите игри во Наполи, Фабијан Руиз би можел да биде ново засилвуање на Реал Мадрид.

Реал Мадрид „фрли око“ на овој 23-годишен играч за врска и смета дека би можел да биде решение за многу проблеми кои Реал ги има во последниве години. Руиз стана и стандарден член во репрезентацијата на Шпанија, па јасно е од каде е големиот интерес за него.

Она што е сигурно е дека Наполи нема да го пушти на средината од сезоната, туку ќе почека до лето за евентуална продажба доколку Реал Мадрид би имал пари да го плати толку колку што сакаат од Наполи. Реал ќе мора да преговара со Де Лаурентис имајќи во предвид дека овој фудбалер нема никаква откупна клаузула во својот договор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Нејмар не престанува да мисли на враќање во Барселона

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар верува дека наскоро повторно ќе го облече дресот на …