Ситуацијата во ФК Пелистер не е добра, клубот засега нема регистрирано ниту 12 фудбалери колку што е потребно да има за да добие лиценца за настап, има само пет.
Поради тоа навивачите бараат експресна реакција на раководството со цел да се спречи катастрофа. Се бара спонзор затоа што пропадна обидот британска компанија да го преземе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
РЕАКЦИЈАТА НА „ЧКЕМБАРИ“
„ДО Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска.
Почитувани, во рок од 48 часа да го одблокирате фудбалскиот клуб (блокадата е за околу 20.000евра) и да пријавите фудбалаери кои ќе се натпреваруваат во новата сезона. Ние како навивачка група и веруваме ветераните на фудбалскиот клуб Пелистер ви се ставаме на располагање во овие моменти. Не наседнувајте на лажни инвеститори кои можат засекогаш да го оштетат Пелистер! Несериозни уште на самиот старт, а како ќе биде понатаму??
Самите изјавувате дека досега вашата гарнитура во Фк Пелистер дала околу 600.000 евра, ако тука го ставиме и стадионот со околу 5 милиони евра, кој е наменет токму за Пелистер, тогаш сите овие инвестиции ви паѓат во вода за 20.000 евра. Вашата очигледна незаинтресираност за фудбалскиот проблем и оставањето на другите да го решават овој проблем не доведе до оваа ситуација.
Лесно се решава:
1.Одблокирајте го клубот
2.Пријавете играчи
3.Обезбедете нормално функционирање за наредните 5 месеци
4.Најдете СЕРИОЗЕН ИНВЕСТИТОР!!!
Овој апел ќе го слушнете уште утре од нас лично, сфатете го сериозно, штетата може да биде непоправлива!!“, се вели во реакцијата на битолските навивачи.