Дома Македонски спорт Раул: Знаев дека е готово на стартот од вториот дел – тогаш сменив се

Раул: Знаев дека е готово на стартот од вториот дел – тогаш сменив се

Maкедонија вчера запиша пораз од европскиот шампион Шпанија со 11 голови разлика 21:32.

Првото полувреме воопшто не најавуваше такво нешто, Македонија беше достоен противник и може да се каже дека заслуживме после првите 30 минути да имаме предност од 3-4 гола разлика. Сепак на полувреме заминавме со еден негатива.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот Шпанците го решија експресно во вториот дел кога за само неколку минути направија серија од 5:0. Селекторот Раул Гонзалез кој во тие моменти ги извади првотимците и шанса им даде на помладите, призна дека знаел дека е готово кога примивме три гола за 30 секунди.

„Тешко беше против Шпанија, тоа е селекцијата со најдобрата одбрана и репрезентација која има жестоки контри, а против нас и нивниот голман беше на високо ниво. Како што кажав и пред почеток, за позитивен резултат против Шпанија потребно е цел натпревар да бидете перфектни. Во првиот дел бевме одлични, иако Варгас беше фантастичен. Во второто полувреме примивме три гола за 30 секунди и тогаш знаев дека немаме шанси и одлучив да ја зачуваме свежината кај нашите стандардни ракометари“, изјави Раул.

Македонија и Исланд натпреварот го играат денес од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…