Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери е свесен за можноста неговиот тим да испадне од лигата иако е актуелен шампион, но верува дека неговиот тим ќе реагира и ќе ги подобри резултатите во шампионатот.
Лестер има шест порази по 12 круга и е само на два бода над зоната за испаѓање, иако тимот се претставува повеќе од добро во Лигата на Шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали сум загрижен? Не. Многу блиску сме до зоната за испаѓање и треба да реагираме. Очекував дека оваа сезона ќе имаме тешкотии, но не мислев дека ќе се толку големи. Мислев дека ќе имаме повеќе поени. Тоа е нормално откако тим како Лестер ќе ја освои титулата“, истакна Раниери.
„Сега треба да бидеме обединети и да продолжиме да работиме напорно. Тоа е единствениот лек. Им реков на играчите дека сум многу задоволен од претставувањето и од нивниот дух. Само резултатите се лоши, но сигурен сум дека работите ќе се подобрат“, изјави Раниери.