Ракометната бајка од Данска продолжува. Ракометарите на Алборг се први финалисти во ЛШ!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, Алборг го совлада моќниот ПСЖ со 33:35.
Почетокот на натпреварот донесе одличен ракомет. Се играше борбено со убави потези, а на средината од првиот дел ПСЖ прави мини серија и на одмор заминува со 15-13.
Во продолжение Парижаните подобро го отворија натпреварот, стигнаа до +5, но неверојатните ракометари на Алборг се вратија во натпреварот.
Данскиот клуб прави серија од +6 и во 54. минута доаѓа до водство од 27:28.
Во завршницата подобро се снајдоа ракометарите на Алборг за конечни 33:35.
Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Барселона и Нант на Кире Лазаров.