Во Битола денес е претставено големо засилување – Еурофарм Пелистер потпиша со ракометарот на Алборг Себастијан Хенеберг.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од клубот истакнаа големо задоволство што имаат прилика да доведат такво засилување.
„Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.




Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите“, соопштија „пелистерци“.




Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола.




Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата.