Најдобриот голман во светот, Никлас Ландин од летото 2023 година ќе го чува голот на Алборг. Данскиот голман имаше договор со Кил до 2025, но тој ќе биде прекинат и од наредната сезона ќе го гледаме на голот на Алборг.
Ландин има 33 години и во Кил е од 2015 година, со германскиот тим успеа да освои многу трофеи, а откако се беше официјализирано Ландин истакна задоволство од потписот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Поминав одлични години во Германија, но мислам дека најдобро за мене и семејството е враќањето во Данска. Освен тоа Алборг има големи амбиции и верувам дека направив одлична одлука. Импресиониран сум и едвај чекам да станам дел од големиот проект“, изјави Ландин.
Алборг за наредната сезона спрема страшен тим, во овој тим ќе играат Микел Хансен, Арон Палмарсон, Кристијан Бјорнсен и Јаспер Нилсен.