Холандскиот играч за врска Френки Де Јонг неодамна пристигна на припремите на својот нов клуб Барселона.
Де Јонг за Барселона потпиша уште на почетокот на годината, но остана во Ајакс до крајот на минатата сезона. Каталонскиот клуб за него издвои 75 милиони евра и се очекува да биде големо засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со доаѓањето на Де Јонг се засили конкуренцијата во средниот ред, а тогаш започна да се пишува дека местото во стартниот тим ќе го изгуби Иван Ракитиќ и дека хрватскиот играч ќе бара нов клуб.
Ракитиќ овие денови се поврзува со трансфер во ПСЖ, но Ернесто Валверде не сака да го пушти. Дека Хрватот е голем професионалец покажа на првиот тренинг на овие припреми.
Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека Ракитиќ бил најголема поддршка на Де Јонг и му понудил помош за било што. Младиот Холаншанец му порачал дека на него може да смета додека се прилагоди на животот во Барселона.