Репрезентативцот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ за „ДАЗН“ зборуваше за пријателскиот натпревар кој неговата репрезентација го закажа со Русија.
Додека никој во светот не сака да игра против Русија, Босна закажа пријателски натпревар и тоа предизвика жестоки реакции во јавноста.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Пјаниќ кој веднаш кажа дека е против, уште еднаш истакна зошто не сака да игра против Русија.
„Ме побара спортскиот директор на репрезентацијата и ми кажа за можноста да играм на овој натпревар. Мојот одговор веднаш беше дека нема смисла за такво нешто во овој момент.
УЕФА и ФИФА ја суспендираа, цел свет страда поради ситуацијата и ние да играме против Русија? Немам ништо против руските фудбалери, меѓутоа ако сите одбиваат да играат против нив, мораме да ги следиме“, изјави Пјаниќ.