Дома Македонски спорт Пуштени во продажба билетите за натпреварите со Финска и Азарбејџан

Пуштени во продажба билетите за натпреварите со Финска и Азарбејџан

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17. и 20. ноември  на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Влезниците се продаваат по цена од 150. денари за северната трибина,150. денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички причини (нефункционалност на читачите за билети на Националната арена). 

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (Национална арена „Тодор Проески“, 17. ноември, 18:00 часот)

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 14:00 часот)

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24     150 денари

Блок 21 и 23                             150 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                         150 денари

Блок 3 и 4                                 200 денари

ПРОДАЖНИ МЕСТА:

Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК  – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол  – Илинденска
• Макпетрол – Влае

Велес:
• Унисон

Прилеп:
• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Охрид:
• ТА Вис Пој

Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers 

Струмица:
• ЛитератураМК 
• ТА Сафари

Радовиш:
• ТА Халкидики

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварите од 10:00 часот. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на натпреварите против Финска и Азербејџан. 

Фото: ФФМ:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…