Денеска со почеток од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје македонската женска сениорска ракометна репрезентација ќе го игра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе е познат и составот на Македонија за овој натпревар, а ние и по малку изненадувачки ќе бидеме без неколку важни ракометарки.
Јована Мицевска, Сања Дабевска, Леонида Гичевска, Симона Маџовска, Борјана Коцева и Сара Миновска не се во комбинација за настап на овој натпревар.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА

Азербејџан од друга страна на дуелот допатува со 14 ракометарки, па сите со кои допатуваа се во протоколот.

Влезот за овој натпревар е слободен.