Приоритет на ПСЖ во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортскиот директор Кампос потврди дека клубот работи на доведување на нов дефанзивец, а најновото име во списокот на „светците“ е Пјер Калулу од Милан.




21-годишниот Французин буквално „експлодира“ минатата сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци.




ПСЖ сака да го доведе во јануари и веќе спремил понуда од 50 милиони евра, но тешко дека ќе може да го убеди Милан да го пушти Калулу кој е еден од најважните играчи во тимот.




Малдини веќе започна преговори за продолжување на неговиот договор и порача дека Милан не сака да ги продава најдобрите фудбалери.