Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ – Ман.Сити: Дербито на денот се игра во Париз, меѓу двата фаворити сезонава во ЛШ

ПСЖ – Ман.Сити: Дербито на денот се игра во Париз, меѓу двата фаворити сезонава во ЛШ

Дербито во Лигата на Шампиони се игра на „Паркот на принцовите“ во вторник вечер, каде домаќинот ПСЖ ќе го пречека Манчестер Сити. Дуел на двете најбогати екипи во Европа и дуел кој може да биде патоказ за евентуалниот победник во продолжение од сезоната.

ПСЖ сезонава нема друга опција, освен титула

Двете екипи ги обновија непријателствата откако се судрија во полуфиналето минатата сезона, каде што избраниците на Пеп Гвардиола го прекинаа европскиот сон на Парижаните.

Но сега, парижаните, неутралните и ривалските навивачи конечно беа почестени со доаѓањето на Лионел Меси, кој заедно со Нејмар и Килијан Мбапе го сочинуваат најдоброто напаѓачко трио во светот. Сепак, иако тие тројца се најдоа во истиот тим на ПСЖ за време на отворањето на Лигата на шампионите кај Клуб Бриж пред две недели, тие освоија само бод во Белгија играјќи 1:1. Славната тројка на Маурисио Покетино не можеше да ја промени играта во корист на нивната екипа.

И покрај раниот европски неуспех, ПСЖ досега во Лига 1 го задржа својот стопроцентен учинок со победата од 2:0 над Монпелје во саботата, па сега имаат осум од осум и веќе бегаат со девет бода уште на стартот на сезоната.

Ремито на првиот ден со Бриж го претставува единствениот натпревар оваа сезона досега на кој ПСЖ не успеа да постигне гол најмалку двапати, но екипата на Покетино сега се соочува со тежок распоред – Сити, Рен, Лајпциг, Марсеј и Лил чекаат на нив во следната четири недели.

Рамос сигурно нема да игра, исто како и Ди Мариjа и Курзава. Настапот на Верати и Меси е под знак прашалник, но голема е веројатноста Меси да се најде во првите 11 и покрај ситната повреда.

Сити во одлична офанзивна форма

Откако го положија тестот на Стемфорд Бриџ минатиот викенд, Манчестер Сити се чуствува непобедливо. Се наоѓаат во добра серија и се чини дека Гвардиола сезонава ќе има големи шанси за трофеи во секое натпреварување.

„Граѓаните“ по поразот од Тотенхем во првото коло на Премиер Лигата, имаат четири победи и едно реми и тоа со одлична гол разлика. Онаа победа над Лајпциг во првото коло на Лигата на шампионите од неверојатни 6:3 е само потврда на тоа.

Имаат шест победи од последните седум дуели во сите натпреварувања – постигнувајќи неверојатни 24 гола во тоа време, а тоа е само една од причините што Сити ќе се чувствува сигурен во Париз, а и нема пораз во последниот 10 натпревари во Лигата на шампионите на гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Александар Таневски повеќе не е тренер на Македонија Ѓорче Петров

Maкедонија Ѓорче Петров беше поразена од Брегалница (4:1), а по тој пораз цената ја плати …