Раководството на Пари Сент Жермен испрати понуда до Интер за откупување на напаѓачот Мауро Икарди, кој во моментов игра како позајмен играч во Париз.
Како што е познато ПСЖ во договорот има опција да го откупи Икарди за 70 милиони евра, но не е спремен да ја плати таа сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наместо да ја активираат откупната клаузула ПСЖ започнал преговори со Интер и испратил понуда од 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.
Поради пандемијата со коронавирусот цената на многу фудбалери ќе падне ова лето, па поради тоа ПСЖ сака да го купи Икарди за помалку пари од договореното. Притоа, во прилог им оди фактот што Аргентинецот е веќе „отпишан“ во Интер.
Аргентиенот одлично се вклопи во тимот на ПСЖ и оваа сезона на 28 меча постигна 20 гола, со што ја покажа својата класа.
PSG have made an opening offer of £44.7m (€50m) plus a further £8.9m (€10m) in add-ons for Mauro Icardi from Inter Milan.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 22, 2020