Дома Топ вести ПСЖ започна преговори со Кулибали

ПСЖ започна преговори со Кулибали

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали и спрема богата понуда за Сенегалецот.

ПСЖ на лето ќе остане без капитенот Тиаго Силва и веќе бара замена, па спортскиот директор Леонардно нема да жали пари за да го донесе Кулибали во Париз.

Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.

Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, па ПСЖ сака да ја искористи таа ситуација.

За Кулибали интерес покажуваат многу европски гиганти, но ПСЖ е спремен да ја победи конкуренцијата така што му нуди годишна плата од 12 милиони евра на дефанзивецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видео: Историска ноќ за Аталанта, Мурињо не е тоа што беше

Аталанта запиша историски триумф над Валенсија (4:1) во првиот осминафинален дуел во ЛШ. М…