Дома Фудбал Франција ПСЖ во своите редови го има и промашувањето на сезоната

ПСЖ во своите редови го има и промашувањето на сезоната

Тимот на ПСЖ сезонава освои уште една титула во Лига 1.

Освојувањето на титулата не беше доведено во прашање затоа што клубот од „Паркот на принцовите“ на крајот имаше 15 бодови повеќе од второпласираниот Марсеј.

Меѓутоа ПСЖ во своите редови го има и промашувањето на сезоната, станува збор за Жоржињо Вајналдум. Вајналдум во изборот на навивачите освои повеќе од 100.000 гласови.

Холанѓанецот дојде од Ливерпул минатата година. За „црвените“ играше пет сезони и тоа со голем успех, пред заминувањето во игра беше и преселба во Барселона, меѓутоа во последен момент се одлучи за ПСЖ.

Сезонава тој беше стартер на 22 натпревари во 38 кола, а во последните два месеци не одигра комплетни 90 минути. Холанѓанецот набрзо отпадна и од списокот на Ван Гал за холандската репрезентација, неговиот договор со ПСЖ има важност до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Атлетико Мадрид не може да регистрира играчи

Атлетико Мадрид се најде во незгодна ситуација и не може да пријавува нови играчи, бидејќи…