Дома Фудбал Се создаваат две нови чуда во пустина: Ќе имаат и свои клубови, а проектите се магични

Се создаваат две нови чуда во пустина: Ќе имаат и свои клубови, а проектите се магични

Дубаи продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура, а престолонаследникот на емиратот, шеик Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, ги одобри архитектонските проекти за изградба на два нови фудбалски стадиони наменети за клубовите Шабаб Ал Ахли и Ал Васл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проектите значително ќе ја подобрат спортската инфраструктура во Обединетите Арапски Емирати, и дополнително ќе го зголемат квалитетот на условите за развој на професионалниот и младинскиот фудбал.

Новите објекти се замислени како модерни спортски комплекси кои ќе ги исполнат највисоките меѓународни стандарди.

Стадионот на Шабаб Ал Ахли ќе биде изграден во областа Ал Рувеја 3, додека новиот дом на Ал Васл ќе биде сместен во населбата Ал Џадаф.

Двата стадиони ќе имаат капацитет поголем од 20.000 гледачи, што ќе овозможи организација на големи домашни и меѓународни спортски настани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема во конфликт со клубот: Не сака да си замине доколку не му биде исплатен договорот до крај

Односите помеѓу Карим Бензема (38) и саудискиот клуб Ал-Хилал дополнително се заострија. К…