Дома Останати Ракомет Суперлигата доби нов формат, за во Првата лига нема да има странци!

Суперлигата доби нов формат, за во Првата лига нема да има странци!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави значајни измени во системот на натпреварување во домашните лиги, со цел да се зголеми конкурентноста и да се обезбеди поголем простор за развој на македонските ракометари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемата промена во Суперлигата ќе стапи во сила од сезоната 2027/2028. Бројот на учесници ќе остане непроменет (12 екипи), а регуларниот дел од шампионатот и понатаму ќе се игра во 22 кола. Новитетот доаѓа во завршната фаза од сезоната.

Според предложениот модел, по завршувањето на регуларниот дел екипите ќе бидат поделени во три групи. Првопласираните четири тима ќе формираат плејоф-група во која ќе се одлучува шампионот на Македонија.

Клубовите кои ќе завршат од петтото до осмото место ќе играат посебно разигрување за пласман во европските клупски натпреварувања, додека екипите од деветтата до 12. позиција ќе се борат за опстанок во елитното друштво.

Измени ќе има и во Првата лига и тоа веќе од претстојната сезона. РФМ донесе одлука во ова натпреварување да не биде дозволен настап на странски ракометари, па клубовите ќе мора да ги градат своите тимови исклучиво со домашни играчи.

Од Федерацијата сметаат дека ваквиот потег ќе им овозможи на македонските ракометари, особено на младите таленти, да добијат поголема минутажа, повеќе искуство и подобри услови за развој. Во новата сезона во Првата лига ќе се натпреваруваат вкупно 14 клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија доби две места во ракометната Европска лига, но уште ќе немаме директно место во ЛШ!

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите ранг-листи покажув…