
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално ја продолжува кариерата во Полска, откако денеска беше претставен како ново засилување на Погон Шчечин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако во изминатите денови полските медиуми објавуваа дека офанзивецот е пред потпис со Видзев Лоџ и дека двете страни веќе постигнале усмен договор, во финишот од преговорите Погон реагирал со поповолна понуда и успеал да го убеди македонскиот репрезентативец да го избере нивниот проект.
„Дарко Чурлинов е нов фудбалер на Погон Шчечин. Македонскиот репрезентативец потпиша договор на две години, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона“, соопшти клубот.
Од полскиот прволигаш потенцираа дека Чурлинов веќе е добро познато име на домашната фудбалска сцена по успешниот период во Јагелонија, каде што со своите настапи остави силен впечаток.
Во редовите на Погон, Чурлинов ќе го носи дресот со број 21, а пред него е нов предизвик и можност повторно да ги покаже своите квалитети во полската Екстракласа.
Pierwsze kroki w nowym biurze 💼#CHURLINOV2028 pic.twitter.com/hdezdnTUYV
— Pogoń Szczecin (@PogonSzczecin) July 27, 2026