Дома Фудбал Пропаднатиот талент на Барса: Стигнав на места на кои не можев да замислам, а еве како завршив…

Пропаднатиот талент на Барса: Стигнав на места на кои не можев да замислам, а еве како завршив…

Исак Куенка ќе остане запаметен како еден од поголемите таленти кои добија прилика во времето на Пеп Гвардиола, но за разлика од некои други тој не ги оправда очекувањата.

По периодот во Барселона, Куенка се обидуваше да се врати на вистинскиот пат со епизодите во Ајакс, Депортиво Ла Коруња и Гранада, меѓутоа не успеа. Голем проблем му правеа повредите и хроничните проблеми со коленото.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Крај на кариерата стави на 32 години и се фокусиршае на бизнис кој го развива со помагала за спортската медицина. Сега направи една ретроспектива на неговата кариера.

„Со фудбалот научив лекција дека работите не секогаш излегуваат онака како што вие замислувате. Ако мислите дека сте најдобар, треба да знаете дека има подобар од вас. Кога мислиш дека си на одличен пат, доаѓа повреда и по која можеш да бидеш заборавен. Јас стивнав на места на кои не замислував, а еве како завршив на 30-тина години“, зборува Куенка.

Едноставно немал избор освен да стави крај.

„Имав шест операции на коленото, сите на иста нога. Сакав да се обидам за последен пат, но таа шеста операција беше многу тешка и донесов одлука дека е време за крај. Живот има и по фудбалот, а јас сакав и тој да ми биде нормален“, изјави Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …