Дома Фудбал Италија Продолжуваат проблемите за Милан: Играчот кој требаше да биде засилување – пак се повреди!

Продолжуваат проблемите за Милан: Играчот кој требаше да биде засилување – пак се повреди!

0

Милан нема среќа ниту со резултатите, ниту со повредите во последните години.

Андреа Конти од доаѓањето од Атланта доживеа неколку поврди, баш како и Матија Калдара кој неодамна се приклучи на тимот и ќе конкурира за вечерашниот натпревар на Милан против Лече на Сан Сиро.

Меѓутоа за натпреварот против Лече нема да бие во конкуренција, Џакомо Боновентура кој го повреди мускулот, а дополнителните прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата.

Играчот за врска постигна гол на отварањето на Серија А минатата сезона, а потоа се повреди поради што ја пропушти целата сезона. Се опоравуваше и во текот на летото започна да тренира.

Во Милано го очекуваа како засилување во средината на теренот, но новата повреда повторно ќе го одалечи од теренот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фиорентина сака да го замени Монтела со Спалети

Раководните луѓе на Фиорентина не се задоволни со резултатите на тимот од почетокот на сез…