Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус, Глисон Бремер, објави „Кориере дело спорт“.
Бремер дојде во Јувентус од градскиот ривал Торино за 44 милиони евра и бонуси во летото 2022 година. „Корирере дело Спорт“ пишува дека при неодамнешното продолжување на договорот со Старата дама била вклучена клаузула за обештетување од 60 милиони евра, а Јувентус размислувал за тој момент дека тој би таа цена ги исклучи повеќето од заинтересираните за бранителот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информацијата за клазулата во договорот на Бремер ја потврди и Ромео Агрести, новинар кој важи за исклучително близок до клубот од Торино со тоа што наведува дека клазулата е помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Во Манчестер Јунајтед наводно сметаат дека тоа е прифатлива сума со оглед на квалитетите на Бремер. Бразилецот на Апенинтие пристигна во 2018 година од тимот на Атлетико Минеиро за 5.8 милион иевра. Иако во изминатите години е еден од најдобрите дефанзивци во италијанската Серија А за бразилската репрезентација собра само четири настапи.