Дома Фудбал Германија Проблем за Де Лихт: Додека чека трансфер може да остане без возачка дозвола

Проблем за Де Лихт: Додека чека трансфер може да остане без возачка дозвола

Холандскиот стопер Матијас Де Лихт ова лето често беше во медиумите.

Де Лихт го изгуби стартното место во репрезентацијата на Холандија, а и во Баерн не му оди најдобро. Во таква ситуација Манчестер Јунајтед покажа интерес да го доведе, но клубот од „Олд Трафорд“ не може да постигне договор со Баварците околу висината на оштетата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, сега дефанзивецот се соочува со поголеми проблеми. Имено, во близина на тренинг центарот на Баерн, Де Лихт со своето Ауди удрил во паркиран автомобил. За негова среќа немало никого во автомобилот, а тој по направената штета побегнал од местото.

Ваквата постапка во Германија е казнива со закон и носи кривична одговорност, а може да се добие и затворска казна до три години поради бегство. Сепак, за Де Лихт олеснителна околоност е што му е првпат, па веројатно ќе помине само со одземање на возачката дозвола и висока парична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Протест во Ла Лига: Барселона и Жирона одбија да играат – ова е причината (Видео)

Фудбалерите на Барселона и Жирона испратија јасна порака на почетокот од нивниот натпревар…