Дома Трансфер зона Проблем за Алегри: Јувентус без двајца важни фудбалери во дербито со Наполи

Проблем за Алегри: Јувентус без двајца важни фудбалери во дербито со Наполи

Викендов екипата на Јувентус славеше против Фросиноне, меѓутоа „старата дама“ се соочи и со сериозни здравствени проблеми по овој дуел.

Фудбалерите од средниот Адриен Рабио и Винстон Мекени мораа да бидат заменети поради повреди. Деталните прегледи покажаа дека Рабио се здобил со повреда на палецот на ногата, додека Мекени има изместување на рамото.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двајцата се стандардни првотимци во составот на Алегри, а сега ќе мора да мируваат најмалку две недели. Тоа значи дека Алегри не ќе може да смета на нив во следното коло кога Јувентус има тешко гостување против Наполи.

Од претходно е позната ситуацијата со Погба и Фаџоли, па така средниот ред ќе биде сериозно ослабен. Ќе потсетиме, Јувентус во јануарскиот преоден рок го доведе само Карлос Алкараз од Саутемптон.

Во овој момент Јувентус е второпласиран на табелата со четири бода повеќе од Милан и девет бода негатива во однос на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид донел конечна одлука за иднината на Ѓулер

Иако не добива преголема минутажа, Арда Гулера има светла иднина во Реал Мадрид, тврдат шп…