Дома Фудбал Англија Премиер лигата го казни судијата кој го оштети Ливерпул

Премиер лигата го казни судијата кој го оштети Ливерпул

Како што се очекуваше, сè уште главна тема во Англија е дербито меѓу Тотенхем и Ливерпул (1-2) затоа што екипата на Јирген Клоп беше оштетена и не ѝ беше признат чист гол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На оваа средба најголема грешка направи судијата во ВАР-собата Дарен Ингланд, а конечно падна одлука за неговата иднина.

Ингланд повеќе нема да суди на натпреварите на кои игра Ливерпул до крајот на сезоната, а тоа е добра вест за „црвените“, иако сигурно нема да се задоволат само со таква казна.

Луис Диаз постигна регуларен гол против Тотенхем, но ВАР направи голема грешка, а вчера Клоп кажа дека натпреварот треба да биде преигран, иако такво нешто дефинитивно нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Најкраткиот пат од љубов до омраза може да се види во случајот на Хулијан Алварез во Мадри…