Дома Фудбал Англија Премиерлигашите се обединија и му зададоа силен удар на Њукасл

Премиерлигашите се обединија и му зададоа силен удар на Њукасл

Клубовите од Премиерлигата одржаа итен состанок на кој донеле одлука привремено да се спречи потпишување спонзорски договори со компании кои може да се поврзат со газдите на клубовите.

Дури 18 клуба беа за оваа одлука, додека Њукасл беше против, а воздржан беше само Манчестер Сити.

Ривалите му зададоа силен удар на Њукасл, зашто премиерлигашите сакаат да ги спречат богатите шеици да внесат многу пари во клубот.

„Граѓаните“ се во слична ситуација бидејќи ги поседува шеикот Мансур, кој е член на кралското семејство на Абу Даби, па гласаа воздржано.

Њукасл моментално ги има најбогатите сопственици во светот на фудбалот, а премиерлигашките клубови преземаа чекори да се заштитат од нелојална конкуренција. 

„Ако не го донесевме ова правило, ништо не можеше да го спречи Њукасл да го продаде името на стадионот на некоја компанија од Саудиска Арабија за 100 милиони фунти и тие пари веднаш да ги трошеше на засилувања. Така немаше да го прекршат финансискиот фер-плеј“, вели функционер од Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта: Против Баерн треба да ја заштитеме честа

Неколку часа пред одлучувачкиот дуел со Баерн Минхен во ЛШ, претседателот на Барселона Жоа…