Дома Трансфер зона Преговори во Лондон: Недвед му обезбедува на Јувентус засилување од 65 милиони евра?

Преговори во Лондон: Недвед му обезбедува на Јувентус засилување од 65 милиони евра?

Престојот во Лондон, Павел Надвед еден од директорите на Јувентус го искористил да преговара за евентуално ново засилување во Торино.

Недвед медиумите во Лондон го забележале на состанок со Нели Лукас од „Дојен Спортс“, агенција која застапува голем број фудбалери.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Помеѓу фудбалерите кои оваа агенција ги застапува е и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал., а се верува дека нивниот состанок бил токму поради Французинот.

Преговорите биле водени во Лондон при гостувањето на Јувентус на Тотенхем во рамките од Лигата на шампионите.

По првиот контакт со Лукас, наводно Недвед остварил контакт и со луѓето од Манчестер Јунајтед кој според англиските медиуми за Марсијал бара сума од 65 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…