Дома Фудбал Останато Преговорите пропаднаа: Анри нема да седне на клупата на славниот француски клуб

Преговорите пропаднаа: Анри нема да седне на клупата на славниот француски клуб

Поранешниот француски ас сака да зпочне тренерска кариера, но не по секоја цена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри сепак нема да седне на тренерското сточке на Бордо и да започне самостојна тренерска кариера бидејќи преговорите помеѓу двете страни пропаднаа.

Дека од договор со Бордо и досегашниот помошник на селекторот на Белгија, Роберто Мартинез нема ништо потврди претседателот на клубот Стефен Мартин.

„Преговорите се прекинати“, изјави Мартин за медумите откако 10 дена се воделе преговори помеѓу поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона.

Анри барал гаранција дека клубот во финишот од преодниот рок, односно до петок ќе му донесе засилувања, но добил одговор дека во овој момент клубот нема толкава финансиска моќ.

Ќе потсетиме, претходно клубот го смени Густаво Појет затоа што ја критикуваше трансфер политиката на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мексико доминантен: Победа над Еквадор и пласман во осминафиналето на СП

МЕКСИКАНСКАТА репрезентација славеше против Еквадор со 2:0, што ги доведе до осминафиналет…