Дома Останати Прв случај на корона во ракоментот: Данскиот суперстар е позитивен

Прв случај на корона во ракоментот: Данскиот суперстар е позитивен

Данецот Мадс Ленсах Ларсен е првиот професионален ракометар со дијагностициран Ковид-19.

Олимпискиот и светски шампион со данската селекција почувствувал симптоми на грип, се пријавил за тестирање и добил позитивни резултати. Сместен е во изолација и во моментов се чувствува добро.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Во постојан контакт сме со нашиот лекарски тим, со здравствените работници и со властите. Ќе сториме се што е во наша моќ да го запреме ширењето на коронавирусот. Свесни сме за нашите обврски и одговорности во овие тешки моменти. Здравјето на нашите ракометари и вработени е наша главна цел“, изјави Џенифер Катерман, извршна директорка на Рајн Некар Левен чиј дрес го носи Ларсен.

Ларсен ја почна ракометната кариера во Копехнхаген, за потоа преку Нордсјиланд и Алборг да направи трансфер во Рајн Некар Левен во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…