Дома Македонски спорт Прв пат после 28 години нема да се одржи Охридскиот маратон

Прв пат после 28 години нема да се одржи Охридскиот маратон

Најпознатата пливачка манифестација во земјата Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Нема да се организира ниту трката на 10 километри, соопштуваат од Пливачката федерација.

Охрид по цели 28 години, за прв пат нема да ги вгости најдобрите светски пливачки маратонци. Поради пандемијата на коронавирусот, Федерацијата одлучила да ја откаже за оваа година целокупната светска серија во маратонско пливање.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата Држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020г, (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км, и олимписка дисциплина 10км) НЕМА да се пдржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика“, изјавија од Пливачката федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

УЕФА го осуди нападот над претседателот на ФФМ

УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација н…