Во текот на вчерашниот ден во англиските медиуми се појави сензационална информација дека Манчестер Јунајтед размислува за ангажман на Бојан Миовски (ТУКА), а денес се пишува за нов клуб од Островот.
„Дејли Рекорд“ пренесува дека Саутемптон кој во овој момент се натпреварува во Чемпионшип (втората англиска лига) сака да го доведе македонскиот голгатер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Селтик се истакнуваше како најсериозен кандидат, меѓутоа Саутемптон би можел да им биде сериозна конкуренција. За Манчестер Јунајтед засега нема потврда за интересот и тоа е во рамките на шпекулација.
Абердин не сака да го продаде и сака да го задржи, сепак ако се најде клуб кој би платил шест милиони евра тогаш тие се спремни да го продадат.
Миовски во редовите на Абердин пристигна од МТК Будимпешта за сума од 650.000 евра и по две сезони во Шкотска неговата цена драстично се зголеми.