Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично од почетокот на сезоната, веќе има постигнато 14 голови за Абердин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Миовски игра одлично во шкотски Абердин и е најдобар стрелец на овој тим, па со таквите настапи го привлекол и интересот на аглиските клубови.
Се појави информација дека за Миовски интерес покажува и Манчестер Јунајтед, кој е во потрага по напаѓач во јануари.
Меѓутоа, Абердин нема намера да се раздели со Македонецот и сака по секоја цена да го задржи во своите редови во јануари.
Менаџерот на Абердин, Бери Робсон, потврди дека клубот ќе му понуди нов договор на Миовски. Инаку актуелниот договор на Миовски со Абердин истекува во јуни 2026 година.