Eкипата на Пелистер пред околу десет дена објави ново лого во кое акцентот беше ставен на битолските симболи како Баба Планина, Саат кулата и моликите, сепак во битолската јавност се појавија реакција поради тоа што во новото лого го немаше зборот Македонија.
На логото кое сега е вратено стоеше името Македонија, а со промената тоа го немаше, па следуваа бурни реакции од фановите.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Пелистер е клуб што отсекогаш е гордост на Битола и новото лого беше само потврда на силната врска на нашиот колектив со градот чиј заштитен знак се овие симболи. Изненадени бевме од реакциите добиени поврзани со новото лого кое беше создадено со најчесни можни намери, но сепак решивме да излеземе во пресрет на оние кои реагираат.
Остануваме на желбата со „ново лого да влеземе во нова ера на клубот“, но решивме шампионатот да го почнеме со досегашниот клупски симбол, кој ќе го носиме до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Во меѓувреме, отворени сме за дискусија и предлози околу дополнување на логото или евентуално ново идејно решение, се со цел КК Пелистер да има симбол со кој ќе се гордее цела Битола“, објави денес Пелистер.