Дома Македонски спорт Мак ракомет По поразот од Вардар Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите

По поразот од Вардар Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ги освоија планираните бодови на своето конто и се искачија на третата позиција на табелата во Суперлигата.

После поразот од Вардар во претходното коло младите момци на Алекдандар Јовиќ одиграа добар натпревар против Радовиш пред својата публика и остварија победа од 35:23.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од самиот старт на натпреварот пелистерци покажаа дека се желни за враќање на победничките патеки и моќно го отворија натпреварот. Веќе после неколку минути игра беше 4:0, за потоа да биде и 9:4. До крајот на полувремето Радовиш успеа да се врати на два негатива од 16:14.

На стартот на вториот дел Е.Пелистер одново додаде гас и во 43. минута водеше со шест гола разлика. Високата предност не ја испуштаа до крајот и славеа со 35:23. Најефикасни на натпреварот беа Емилијан Ѓорговски и Петар Атанасијевиќ со по шест гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…