Дома Фудбал Останато По повредата се огласи и Хари Кејн: Го очекува долга пауза!?

По повредата се огласи и Хари Кејн: Го очекува долга пауза!?

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн доживеа нова повреда синоќа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити, Кејн мораше да ја напушти играта на почетокот од второто полувреме по еден дуел со Фабиан Делф, а за сега изгледа дека на теренот нема да биде до крајот на сезоната.

Иако се уште нема официјална потврда за таа информација, судејќи по тоа што Кејн го напиша на Инстаграм, изгледа дека ќе го чека долга пауза.

„Разочаран сум што излегов порано поради повредата, но секоја пречка е шанса да се вратиш посилен од порано. Голем финиш од момците да продолжат и да победат“, изјави Кејн.

Инаку, Тотенхем до крајот на натпреварот успеа да победи против Манчестер Сити со 1:0 и да стекне предност пред реваншот кој на распоредот е за осум дена на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …