Дома Трансфер зона По Мегвајер, Манчестер Јунајтед купува уште два фудбалери на Лестер

По Мегвајер, Манчестер Јунајтед купува уште два фудбалери на Лестер

Манчестер Јунајтед е спремен во своите редови да доведе уште двајца фудбалери на Лестер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако што изминатото лето ги срушија сите рекорди за доведување на Хари Мегвајер, наскоро дресот на тимот од „Олд Трафорд“ би можеле да го облечат уште двајца играчи на Лестер. Солскјер сака во својот тим да го доведе левиот бек Бен Чилвел и играчот за врска Џејмс Медисон, па управата на клубот ќе се обиде да го ангажира во следниот период.

Понудата за двајцата ќе изнесува 130 милиони фунти. На „Олд Трафорд“ сметаат дека тоа ќе биде доволно да ги ангажираат двата фудбалери, а ќе видиме дали на крајот ќе успеаат во таа намера. Јунајтед во јануари би требало да добие и напаѓачко засилување. Станува збор за Манџукиќ, кој наводно веќе се договорил со „Црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…