Дома Македонски спорт Мак ракомет Почна со работа клубот на Кире Лазаров: Целта е стандарден суперлигаш со таргет на млади играчи!

Почна со работа клубот на Кире Лазаров: Целта е стандарден суперлигаш со таргет на млади играчи!

0

Првата македонска ракометна лига од оваа натпреварувачка сезона ќе има уште еден клуб КЛ7.

Сржта на овој нов субјект во македонскиот ракомет е составена од млади играчи чии тренер е Андон Бошковски. За формирањето и целта на КЛ7, неговиот идеен носител Кирил Лазаров изјави:

„Почнуваме нов проект, ракометен клуб во кој предност ќе дадеме на младите македонски играчи. Ќе поставиме принципи на функционирање, сериозен пристап во работата и она што е најнеопходно за напредок кај младите играчи квалитетен тренажен процес во текот на целата година“.

„Ќе бидеме инкубатор за поголемите клубови, ќе соработуваме со сите македонски клубови за доброто на македонскиот спорт и ракомет. Ќе поставуваме високи цели за да можеме да ги препознаеме карактерните особини на нашите играчи за што подобро селектирање. Ќе учествуваме на интернационални турнири со реномирани противници. Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи“, изјави Лазаров.

Тренажниот процес на ракометарите на КЛ7 е во тек, а првиот официјален натпревар го имаат во средината на септември. До почетокот на првенството КЛ7 ќе одигра повеќе пријателски натпревари со суперлигашки тимови.

Идејата за уште поголема популаризација на ракометот кај децата Лазаров и неговиот тим ја реализираат веќе трета година, преку школите кои работат низ Македонија. Нивното мото е „Ракомет за секое дете”, со цел најдобрите од нив по неколку години да се изборат за своето место во клубот

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Публико, овој Вардар е истиот тој за кој се крена цела Македонија на нозе!

Вардар вчера ја запиша втората победа во вториот натпревар во групната фаза од Лигата на ш…