Дома Фудбал Лига на шампиони ,,Потешко е да играш со Каљари и Монца, отколку против Реал Мадрид”

,,Потешко е да играш со Каљари и Монца, отколку против Реал Мадрид”

Милан одигра фантастичен натпревар на гостувањето кај Реал Мадрид и победи со 3-1, тренерот на росонерите, Пауло Фонсека беше расположен за изјави по мечот.

Меѓудругото тој рече и дека потешко им е да играат против Монца отколку против Реал Мадрид поради начинот на кои играат овие екипи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека победивме бидејќи фудбалерите имаа храброст да дојдат тука и да ја играат нивната игра без да се плашат од нешто“, вели Фонсека.

„Сакавме да ја држиме топката, одигравме одлично прво полувреме, после паузата страдавме малку повеќе, но го направивме тоа заедно и ја заслуживме победата. Не дека само дадовме три гола, туку одигравме многу квалитетно“.

„Искрено, ќе го погледнам целиот контекст. За мојот начин на игра, ова се натпревари со повеќе простор како што ми треба. Луѓето надвор од Италија не разбираат колку е тешка Серија А. Монца игра одбрана човек на човек, исто и Каљари, видовте дека Аталанта беше единствената која го победи Баер Леверкузен лани и тие играа човек на човек“.

„Искрено потешко е да играте во Серија А отколку во Лигата на шампионите поради тактиката. На нас полесно ни беше да играме вечерва, без разлика што тоа беше против Реал Мадрид, најдобриот тим во светот, бидејќи тие играат комплетно различно од она во Италија. Можеби затоа натпреварите во Италија не се интересни, бидејќи се навистина тешки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…