Дома Македонски спорт Мак фудбал Постигнат договор: Аврамовски ќе игра во Турција!

Постигнат договор: Аврамовски ќе игра во Турција!

Tурските медиуми и страници блиски на клубот со сигурност објавија дека најдобриот фудбалер на Вардар од минатата сезона Даниел Аврамовски ќе игра за Кајзериспор.

Аврамовски во минатата сезона која се прекина поради коронавирусот беше прв стрелец со 10 гола, а после хаосот и финансиската криза во клубот и тој си замина од редовите на „црвено-црните“ како слободен играч.

Претходно Аврамовски настапуваше за Работнички, Црвена Звезда, Војводина и Олимпија Љубљана. Во редовите на Вардар дојде во јануари лани и брзо ја прикажа својата најдобра форма.

Ќе потсетиме, Аврамовски беше дел и од генерацијата на Македонија до 21 година која се пласираше на Европското првенство во 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Баерн со комичен погодок успеа да го сруши Дортмунд и да дојде до нова титула 🎥

Баерн Минхен во својата богата ризница на трофеи вечерва додаде уште еден и тоа оној намен…