Дома Фудбал Останато После чудната изјава на Мбапе ПСЖ се огласи со официјално соопштение за неговата иднина

После чудната изјава на Мбапе ПСЖ се огласи со официјално соопштение за неговата иднина

0

Француската суперѕвезда Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар играч во француската Лига 1, а на таа церемонија даде изјава која беше протолкувана како можна најава за заминување од Пари Сен Жермен.

„Мислам дека доаѓам до првата или втората прсвртница во мојата кариера. Можеби е време да добијам поголем одговорност, тоа би можело да биде во ПСЖ или можеби некаде на друго место со нов проект“, гласеше изјавата на Мбапе со која предизвика големо внимание.

Поради големите реакции во медиуми, како француските така и останатите, Пари Сен Жермен се огласи со официјално соопштение на оваа тема.

Во соопштението ПСЖ потенцира дека Мбапе ќе биде нивни играч и следната сезона.

„Во претходните две години помеѓу нашиот клуб и Мбапе се создаде силна врска и убедени сме дека таа соработка ќе продолжи и во наредната сезона. Нашата заедничка амбиција е да испишеме европска историја во годината кога ќе прославиме 50 години постоење. Тој момент сите го чекаме со нетрпение и треба заедно ќе испишиме една нова страница во клупската историја во која секој индивидуалец има голема улога во колективотз“, стои во соопштението од Пари Сен Жермен.

Ако останат доследни на својот став Мбапе нема да го напушти Париз, но фудбалот не научи дека во овој спорт пресвртите и тоа како се можни.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Колекцијата на Крауч: Посебно е импресиониран од дресовите на еден клуб

Питер Крауч можеби не е во групата на најдобри напаѓачи во својата генерација, но поради н…