Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Недум Онуоха во САД не се чувствува 100% безбедно.
Онуоха игра за Реал Солт Лејк во седиштето на Јута. Него како и многумина го погоди веста за Џорџ Флојд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Секогаш сум внимателен како се однесува и како можам да ги гледам луѓето кои имаат моќ. Не ми се допаѓа тоа, но имам страв и не верувам во полицијата“, изјави 33 годишниот фудбалер.
Полицаецот во Минеаполис, Дерек Шаубин кој клекна на вратот на Флојд е обвинет за неговата смрт. Покрај него обвинети се уште тројца полицајци, а ширум САД од тогаш започнаа жестоки протести.
„Сакам да живеам во оваа земја, но постои друга страна. Свесен сум каде сум, ако полицијата погрешно ме прочита може животот да ми биде одземен. Не се чувствувам 100% безбеден“, изјави Онуоха.