Дома Останати Ракомет Поранешната вардарка во Германија постави рекорд на кариерата

Поранешната вардарка во Германија постави рекорд на кариерата

0
radicevic

Најдоброто десно крило во изборот на „Хандбал Планет“ и поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ постави рекорд на кариерата во натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите.

Радичевиќ како ракометарка на ЦСМ Букурешт каде што премина од Вардар на гостувањето кај германски Турингер каде што нејзиниот тим победи со резултат 38:30 постигна 13 голови.

Така репрезентативката на Црна Гора која од наредната сезона повторно ќе игра за Будќност го сруши нејзиниот досегашен рекорд кој го постави играјќи за Ѓер против Хипо (2011) кога постигна 12 голови.

Од почетокот на годината Радичевиќ игра во ТОП форма и од стартот на 2019 година на три натпревари во Лигата на шампионите постигна вкупно 29 голови.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ваква ситуација досега не сме виделе: Две екипи тврдат за ист играч дека е нивни!

Повремениот репрезентативец на Хрватска, Иван Сршен е причина за голем конфликт помеѓу ППД…