Сенегалскиот фудбалер Садио Мане моментално е еден од најдобрите фудбалери на светот.
Ѕвездата на Црвените и оваа сезона е неверојатен, а она што посебно импресионира е неговиот однос надвор од теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мане е познат по неговата хуманост и добродушност. Не е човек кој ужива во луксуз и често помага на сиромашните луѓе во Сенегал.
Неговиот поранешен соиграч од Салзбург, Томас Дане откри која е најголемата причина за експлозијата на Мане.
„Секогаш беше неприметлив и мирен дечко. Кога во 2012. година пристигна во клубот беше очигледно дека ќе стане добар, но за осум години подоцна дека ќе биде меѓу најдобрите на светот, тоа сигурно не.“ – рече Дане и додаде:
„Сега е ѕвезда, а тоа стана благодарение на Јирген Клоп. Тој ја подигна неговата игра на друго ниво. Истиот човек како некогаш, но многу поквалитетен фудбалер.“
Мане игра веќе четврта сезона во Ливерпул, а во 161 одигран натпревар постигна 77 погодоци.