Садио Мане одлучил да го напушти Ал-Наср и можно е неговата кариера да продолжи во редовите на нивниот голем ривал, Ал-Итихад.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сенегалецот дојде во Саудиска Арабија од редовите на Баерн, а сега сака да замине во клубот поради наводен конфликт со Кристиано Роналдо.
Карим Бензема, кој веќе е дел од Ал-Итихад, го охрабрил раководството на клубот да го доведат Мане, сметајќи дека неговото присуство ќе биде клучно во борбата за титулата.
Ал Итихад во овој преоден рок веќе ги доведе Муса Диаби од Астон Вила и Усем Ауар, а има можност да реализира трансфери до 6-та октомври.