Дома Македонски спорт Пораз за фудбалерките до 19 години во директниот дуел со Израел за првото место

Пораз за фудбалерките до 19 години во директниот дуел со Израел за првото место

Женската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа првиот пораз од селекцијата на Израел во последното коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраничките на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2:1.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Одигравме добар и борбен натпревар, можеме да жалиме за пропуштените прилики на денешната средба. Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Противникот во 52. минута од мечот го отвори резултатот преку Биру. Лора Сулејмани во 72. минута постигнува гол за израмнување на резултатот. Во 83. минута, Биру со својот втор гол ги поставува конечните 2:1 на денешната средба.

Во моментов сме и лидери кога станува збор за второпласираните селекции, но треба да завршат и останатите групи.

Македонија: Кабакчи, Сулејмани, Головска, Мојсоска, Блажевска, Меијер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;

Селектор: Астрит Мерко;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…